10 Причини зошто
+Ортопедски, анатомски и ергономски
целосно се приспособуваат на вашето тело.
+Хипоалергентски
при користење на нашите душеци вашите алергии стануваат минато.
+100% природни
при нивното производство се користат само и единствено природни состојки(вода, карбон, сребро и растителни масла).
+Антистатички
вишокот на акумулираниот електрицитет се отстранува преку карбонските влакна што ги имa во надворешните прекривки.
+Еколошки
при нивното користење не се загадува човековата околина.
+Мемори пена, латекс
и други ортопедски матeријали се заштитен знак кои целосно се приспособуваат на обликот на вашето тело и ја овозможуваат тежинската циркулација.
+Антигард систем
надворешните прекривки се 100% природни направени од чист памук, и недозвболуваат влез на ниеден микроорганизам или друг вид на габички кој предизвикуваат алергии и асма.
+100% хигиенски
вакумско пакување кое обезбедува високо хигиенско ниво и лесен транспорт.
+Лесни за одржување
надворешната прекривка се пере на 30°C. Не е потребно посебно третирање на овие душеци бидејќи тие самите имаат воздужни комори и дишат преку истите.
За нас
Со историјата правена 30 год. наназад, PerDormire е сјаен пример за сите италијански па и светски компании. Од мал семеен бизнис започнат во 1971 год. па до денес PerDormire прерасна во голема компанија која е синоним за квалитет и е препознатлива низ целиот свет, секаде каде што нивните производи ја виделе белината на денот. Употребувајќи најмодерна технологија при своето работење, висока иновативност во бирање материјали при работењето, PerDormire на светскиот пазар стана кралица меѓу кралиците. Самите производи зрачат со квалитет, биолошка и 100% натурална структура, корисни за човечкото тело, затоа што токму човечкото тело поминува 6 до 8 часа во лежечка состојба секој ден, така да здравиот сон е ненадминлив извор за продуктивност, здравје и функционалност.
Значи трите основни начела на работењето на PerDormire се: комфорт, дизајн и хигиена. Тие се и цели што се постигнуваат во секоја фаза на работењето, од бирање на вистинскиот материјал до тестирање на крајниот продукт. Благодарејќи на високата стручност на нашите вработени, резултатот е видлив - Топ квалитет и ранг бр.1 на душеци и перници. Природата е неисцрплив извор на материјали така што ние при нашето работење користиме исклучиво нерециклирани, еко - пријателски материјали, но истовремено делуваме како заштитници на природата и не ја загадуваме.
Имаме добиено разни признанија и сертификати за нашето работење.
Значи доколку сте одлучиле да бидете наш корисник на некој од нашите производи сте го направиле вистинскиот избор.
Ке бидете наспани, релаксирани, здрави и спремни за новиот ден што доаѓа.
Ви блaгодариме за довербата.
| улица: | Младинска бр.2а Струмица |
| тел: | +389 34 522 284 |
| факс: | +389 34 524 905 |
| +389 34 320 725 | |
| моб: | +389 70 640 675 |
| e-пошта: | info@perdormire.mk |
| info@sognidoro.com.mk |




















